Албанската влада за годинава одвои над 1,164 милиони евра за верските заедници
- Албанската влада одвои 113 милиони леки (1.164.948 евра) од државниот буџет за 2025 година за верските заедници.
Тирана, 23 јули 2025 (МИА) - Албанската влада одвои 113 милиони леки (1.164.948 евра) од државниот буџет за 2025 година за верските заедници.
„Најмногу или 30 отсто, односно 33 840 000 леки се за муслиманската верска заедница.
Автокефалната православна и католичката црква добиваат по 26 400 000 леки, додека бекташката заедница 26 360 00 леки“, објави Топ чанел
Како што стои во одлуката владата го утврдила износот на финансирање за верските заедници кои имаат потпишано договори со неа.
Според пописните резултати од 2023 година, во однос на религиската припадност во Албанија, од 2.402.113 жители регистрирани во земјата, 1.101.718 жители изјавиле дека припаѓаат на муслиманска вероисповед.
Христијани се 384.833, од нив 201.530 припаѓаат на католичката, 173.645 на православната вера, додека 9.658 лица се изјасниле за евангелистички христијани.
На бекташката заедница припаѓаат 115.644 лица, додека со други верски убедувања се 3.670 лица.
Податоците исто така покажуваат дека 332.155 лица не го навеле своето религиозно убедување, а други 85.311 се изјасниле како атеисти.
Опцијата „Преферирам да не одговарам“ ја избрале 244.331 лице, додека за 134.451 лице нема информации. вт/
Фото: Топ чанел/ сајт Влада