Албанија и Британија договорија формираме заеднички истражни тимови
- Албанскиот министер за внатрешни работи, Ервин Хоџа, на средба во Тирана, со британскиот шеф на Командата за гранична безбедност за Западен Балкан, Тони Басвел, договориле формирање заеднички истражни тимови.

Тирана, 19 февруари 2025 (МИА) - Албанскиот министер за внатрешни работи, Ервин Хоџа, на средба во Тирана, со британскиот шеф на Командата за гранична безбедност за Западен Балкан, Тони Басвел, договориле формирање заеднички истражни тимови.
- Откако високо ја оценив досегашната соработка, побарав да се прошири истата во областа на борбата против организираниот криминал и нелегална миграција, за што договоривме формирање заеднички истражни тимови, објави Хоџа на Фејсбук.
Според него соработката меѓу албанските и британските власти за спречување на илегалната миграција се покажала многу позитивна, со што значително се намалил илегалниот влез на албански граѓани на британска територија.
-Операцијата „Маревуд“ е успешна приказна за подобрување на оперативната соработка меѓу силите за спроведување на законот. Оваа соработка е продлабочена преку работењето на заедничката работна група, чиј дел е и Косово, а целта е да се прошири и со другите земји од Западен Балкан, посочува министерот Хоџа.
Исто така наведува дека Командата за гранична безбедност на Западен Балкан е неодамна формирана единица во рамки на британското министерство за внатрешни работи, чија задача е да ги обезбедува границите преку контрола на илегалната имиграција и царината. вт
Фото: Хоџа ФБ