• сабота, 22 февруари 2025

Албанија и Британија договорија  формираме заеднички истражни тимови 

Албанија и Британија договорија  формираме заеднички истражни тимови 

Тирана, 19 февруари 2025 (МИА) - Албанскиот министер за внатрешни работи, Ервин Хоџа, на средба во Тирана, со британскиот шеф на Командата за гранична безбедност за Западен Балкан, Тони Басвел, договориле формирање заеднички истражни тимови.

- Откако високо ја оценив досегашната соработка, побарав да се прошири истата во областа на борбата против организираниот криминал и нелегална миграција, за што договоривме формирање заеднички истражни тимови,  објави Хоџа на Фејсбук.

Според него соработката меѓу албанските и британските власти за спречување на илегалната миграција се покажала многу позитивна, со што значително се намалил илегалниот влез на албански граѓани на британска територија.

-Операцијата „Маревуд“ е успешна приказна за подобрување на оперативната соработка меѓу силите за спроведување на законот. Оваа соработка е продлабочена преку работењето на заедничката работна група, чиј дел е и Косово, а целта е да се прошири и со другите земји од Западен Балкан,  посочува министерот Хоџа.

Исто така наведува дека Командата за гранична безбедност на Западен Балкан е неодамна формирана единица во рамки на британското министерство за внатрешни работи, чија задача е да ги обезбедува границите преку контрола на илегалната имиграција и царината. вт


 
Фото: Хоџа ФБ

Остани поврзан