• петок, 22 ноември 2024

Албанија: За пет години ветинг разрешени 155 судии и обвинители, 56 сами поднеле оставки 

Албанија: За пет години ветинг разрешени 155 судии и обвинители, 56 сами поднеле оставки 

Тирана, 22 јули 2021 (МИА) - Пет години по усвојувањето на правосудната реформа во Албанија, посебната комисија за квалификација го презентираше бројот на судии и обвинители кои не минале низ процесот на проверка за потекло на имот, процес познат како ветинг, јави дописничката на МИА од Тирана. 

- Во изминатите пет години поради неможност да го оправдаат потеклото на имотот што го поседуваат и чистотата на личноста разрешени се 155 судии и обвинители. Во исто време, 56 сами си поднесоа оставка, информират од комисијата. 

Додаваат дека донесени се 174 решенија за потврда на функцијата, осум одлуки за прекинување на процесот, 25 решенија за завршување на процесот без конечна одлука и три решенија за суспензија од должност за период од една година.  

Поради непоминување на процесот на проверка, разрешени се и петмина судии во Уставниот суд, меѓу нив и претседателот, како и повеќе судии од Врховниот суд. Двете највисоки судски инстанци поради некомплетност не работеа повеќе од две и пол години. вт/паг/

 

Остани поврзан