• понеделник, 01 јули 2024

Алаба и Рудигер се повредија, неизвесни за натпреварот со Џирона

Алаба и Рудигер се повредија, неизвесни за натпреварот со Џирона

Мадрид, 28 септември 2023 (МИА) - Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, по победата над Лас Палмас во натпреварот од 7. коло на шпанскиот шампионат, проговори за повредите на двајца одбранбени играчи.

 

- Давид Алаба нема да игра против Џирона. Рудигер има хематом по еден добиен удар од противнички играч, изјави Анчелоти за „Football Espana“.

 

Реал со 18 бода ја престигна Барселона во поредокот, искачувајќи се на 2-то место.

 

Токму следниот ривал на Реал, екипата на Џирона е лидер на табелата во шпанското фудбалско првенство. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан