Акција на ЈП „Паркизни“ за чистење на снегот во Битола
- Јавното претпријатие „Паркинзи“-Битола, денеска и утре ќе спроведе голема акција за чистење на снегот на сообраќајниците во градот.
Битола, 16 јануари 2025 (МИА) - Јавното претпријатие „Паркинзи“-Битола, денеска и утре ќе спроведе голема акција за чистење на снегот на сообраќајниците во градот.
Акцијата ќе почне денес попладне во 15 часот и ќе се реализира до нејзино завршување, изјави за МИА, Зоран Михајловски, директор на ЈП „Паркинзи“-Битола.
-Обезбедивме градежни машини со кои ќе се овозможи чистење на големи сообраќајни површини покриени со снег. За успешно реализирање на акцијата бараме граѓаните во попладневните часови да не ги паркираат возилата на повеќе улици и паркинг зони во градот, посочи Михајловски.
Со дводневната акција на ЈП „Паркинзи“ ќе се чисти снежната покривка на улицата АСНОМ од страната на Клиничката болница, булевар 1-ви Мај од железниот мост наспроти Основен Суд до „Црн мост“ и тоа во двата правци и од двете страни на коловозот, потоа околу Саат кулата, како и на спојот на улица „Столарска“ со „Добривоје Радосављевиќ“ до улица „Никола Тесла“, преку улица „Димитар Илиевски Мурато“ до црквата „Свети Димитриј“ и фонтаната кај Саат кулата во Битола.
ЈП „Паркинзи“-Битола во изминатите денови ги чистеа и ставија во функција затворените паркинзи во градот, потврди Михајловски. мт/дма/
Фото: МИА