• понеделник, 23 декември 2024

Акција на Црвениот крст Крива Паланка за справување со топлотниот бран 

Акција на Црвениот крст Крива Паланка за справување со топлотниот бран 
Крива Паланка, 23 јули 2022 (МИА) - Мобилни екипи на Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка спроведуваат акција за дистрибуција на флаширана вода и информативни флаери за граѓаните за справување со топлотниот бран. Активностите се дел од акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението. Во една од акциите денес се вклучија и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и претседателката на Советот на општината  кои заедно со мобилната екипа на Црвен крст патролираа на најфреквентните локации во градот со цел дистрибуција на вода на граѓаните. -Ги опслужуваме со вода граѓаните и им пренесуваме препораки да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, да се заштитат од директна сончева изложеност и да избегнуваат престој на отворено, особено во периодот од 11 до 17 часот. Ги делиме и информативните флаери со совети да се освежуваат често, да бидат добро хидрирани и да пијат 6-8 чаши вода дневно, како и да се разладуваат почесто да се oлади телото, информира Дарко Пешовски, секретар на ОО Црвен крст Крива Паланка. Црвен крст Крива Паланка тековно ја спроведува и летната младинска програма за обука на нови волонтери, а со екипи прва помош и мобилен тим ја поддржува програма на кривопаланечкото културно лето и настаните на кои има присуство на поголема група луѓе.ид/вј/

Остани поврзан