• петок, 08 ноември 2024

Акција за собирање кабаст во општина Аеродром

Акција за собирање кабаст во општина Аеродром

Скопје, 23 август 2024 (МИА) - Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ - Скопје спроведува акција за собирање кабаст отпад во скопската општина Аеродром. На повеќе локации се поставени специјални садови во кои жителите можат да го одложат својот кабаст отпад. Садовите се поставени на булевар „АСНОМ“ бр. 68 во населба Јане Сандански, на улица „Коста Новаковиќ“ бр.48 во Стар Аеродром, на булевар „Видoe Смилевски - Бато“ бр. 19 во Ново Лисиче и на бул. АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“) во населбата Ново Лисиче.

- Во рамки на акцијата за собирање кабаст отпад на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје досега беа подигнати и транспортирани 130 кубни метри стар мебел и покуќнина во општината Ѓорче Петров, 170 кубни метри во општина Карпош, 130 кубни метри во општина Центар, како и 150 кубни метри во општина Кисела Вода, се наведува во соопштението. 

Од 25 август 2024 година акцијата ќе продолжи да се реализира во скопската општина Гази Баба. мд/са/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан