Акција за расчистување на снегот во Гази Баба
- Општина Гази Баба соопшти дека од 2.30 часот по полноќ почнала акција за расчистување на снегот на нејзина територија. Градоначалникот Бобан Стефковски објави дека се активирани четири специјализирани возила за снег, два багера и 50 вработени во ЈКП Гази Баба.

Скопје, 12 јануари 2025 (МИА) - Општина Гази Баба соопшти дека од 2.30 часот по полноќ почнала акцијата за расчистување на снегот на нејзина територија.
Градоначалникот Бобан Стефковски објави дека се активирани четири специјализирани возила за снег, два багера и 50 вработени во ЈКП Гази Баба.
-Акцијата за расчистување на снегот во Гази Баба трае повеќе од седум часа и досега по улиците на општината се расфрлени повеќе од 30 тони сол и ризла. Кризниот штаб на општина Гази Баба останува на терен се додека тоа е потребно. Граѓаните да бидат спокојни, лично сум на терен со колегите од Кризниот штаб и сите оние кои активно работат на расчистување на снегот, соопшти Стефковски.
Информира дека во Црешево е отворен мобилен пункт каде што се доставени колични на сол и ризла и во пунктот има механизација подготвена за активности на терен.
-Безбедноста во сообраќајот е најважна во вакви временски услови. Како општина правиме се што е потребно да овозможиме непречено одвивање на сообраќајот низ целата општина – истакнува Стефковски. хс/цр/
Фото: ФБ Бобан Стефковски