• петок, 05 декември 2025

Акција за расчистување на „дивата“ депонија кај поранешен хотел „Ку-Ба“

Акција за расчистување на „дивата“ депонија кај поранешен хотел „Ку-Ба“

Куманово, 2 декември 2025 (МИА) - Акција за расчистување на „дивата“ депонија кај поранешниот хотел „Ку-Ба“ спроведе денеска ЈП „Чистота и Зеленило „Куманово. Акцијата на расчистување на дваесетината „диви“ депонии на различни локации ќе продолжи сè додека дозволуваат временските услови.

-Екипите работата интензивно, очекуваме да заврши до крајот на работниот ден. За акцијата побаравме и механизација од јавното претпријатие „Куманово Гас“. Наредната акција ќе биде во руралните средини каде што имаме неколку „диви“ депонии, како во село Биљановце, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ.

Просторот околу поранешниот култен хотел за кумановци е прилично запуштен по транзицијата. Хотелот „КУ-БА“ бил изграден во средината на седумдесетите години од минатиот век и беше еден од најубавите хотели во поранешната држава со сите пропратни содржини, тераsа со над 1.000 седишта, олимписки базен.

Директорот на „Чистота и Зеленло“ Томиќ во изјавата за медиумите во екот на грејната сезона апелираше граѓаните да не фрлаат пепел во контејнерите, ниту во полуподмзените, бидејќи доажа до опожарување. Полуподземните контејнери одат во пар и имаат значителен капацитет за собирање на смет, поедноставни се за одржување и се скратува времето на собирање на сметот со возилата на ЈП „Чистота и Зеленило“, што пак придонесува да не се создава сообраќаен метеж. Овие садови за смет имаат капацитет од пет кубни метри и заменуваат шест обични контејнери. ам/сст/


Фото МИА

Остани поврзан