• петок, 05 декември 2025

Акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на ПС Тетово

Акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на ПС Тетово

Скопје, 19 јули 2025 (МИА) - Вчеравечер во периодот од 22.30 до 00.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во соработка со претставници од Државна пазарна инспекција, од Управата за јавни приходи, како и од Трудова инспекција, извршија акциска контрола по разни основи во доменот на институционалната надлежност во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Полициска станица Тетово. 

Како што соопшти МВР, при акциската контрола од аспект на работата на полициските службеници во еден угостителски објект на улица „Димо Гавровски Кара“ во Тетово од слобода бил лишен А.О.(28) од Тетово, кај кого при преглед била пронајдена и одземена марихуана.

-Исто така, поради непријавен престој во РСМ бил приведен и странски државјанин Г.И.(30) од Р.Албанија. Двајцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, и по целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци, стои во соопштението на МВР. нд/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан