• недела, 22 декември 2024

Акциска контрола во тетовско, приведени странски државјани

Акциска контрола во тетовско, приведени странски државјани

Скопје, 4 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово синоќа спровеле акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот. При тоа биле затекнати и приведени 18-странски државјанки на возраст од 24 до 26 години.

Како што соопштија од МВР, двајца од приведените се од Србија, седум од Украина, десет од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан