• среда, 17 декември 2025

Акумулацијата „Стрежево“ подготвена за летната сезона, во тек акција за бесплатно вклучување во системот

Акумулацијата „Стрежево“ подготвена за летната сезона, во тек акција за бесплатно вклучување во системот

Битола, 12 јуни 2025 (МИА) - Јавното претпријатие „Стрежево“ почна акција за бесплатно вклучување во мрежата за наводнување од системот на претпријатието.

Со акцијата, која ќе се одвива до 7 јули, на идните водокорисници им е овозможена заштеда од 2.977 денари која претпријатието нема да ја наплаќа за приклучок.

Од ЈП „Стрежево“ информираат дека истоимената акумулација е подготвена за претстојната летна сезона и заклучно со 31 мај, за земјоделците, но и компаниите што користат вода од претпријатието, обезбедени се над 70 милиони кубни метри вода. За ефикасно водоснабдување се очекува и на традиционалната соработка со земјоделците, за што од претпријатието потсетуваат за рационално и планско користење на водата за наводнување во претстојниот период. мт/вг/

Фото: ЈП „Стрежево“

Остани поврзан