• петок, 22 ноември 2024

Активности по повод Недела на имунизација во Пехчево и село Црник

Активности по повод Недела на имунизација во Пехчево и село Црник
Пехчево, 29 април 2022 (МИА) - Невладината организација „КХАМ“ од Делчево почна со реализирање на предвидените активности во рамки на одбележувањето на Неделата на имунизација. Примарна цел на активностите со кои ќе бидат опфатени дел од општините во Пијанечко-малешевскиот регион и селото Црник, како што информираше координаторот Зоран Биковски е подигање на свеста за имунизацијата, но и приближување на општинските и здравствените власти да бидат поблиску до граѓаните, со цел поголема доверба во здравствениот систем.
-Денеска сме во селото Црник и Пехчево каде посетивме вкупно 15 домови, каде има семејства со новороденчиња кои потпаѓаат или во рурални средини или во социјален ризик. Во рамки на овие активности освен првичната цел, сакаме да поттикнеме луѓето да бидат поодговорни кон своето здравје, бидејки сведоци сме дека имавме Ковид криза и затоа сега е моментот сите да водиме поголема грижа за своето здравје, рече Биковски.
Од Здравствен дом д-р „Иван Георгиев“ од Пехчево информираат дека ваквите активности се од клучно значење во насока на редовни здравствени прегледи, како за самите родилки така и за нивните новороденчиња.
Оштина Пехчево во одбележувањето на Неделата на имунизација се вклучи со доделување на пакети со хигиенски средства, а поддршката за ваквиот тип на активности, како што додаде пехчевскиот градоначалник Александар Китански ќе продолжи и во наредниот период.
Активностите во рамки на Неделата на имунизација невладината организација „КХАМ“ од Делчево ја спроведува по 12 пат, а ќе продолжат во општините Виница и Делчево. вс/мд/

Остани поврзан