• недела, 22 декември 2024

Активности на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за одржување на атмосферската канализациска мрежа

Активности на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за одржување на атмосферската канализациска мрежа

Скопје, 9 мај 2023 (МИА) - Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализациската мрежа, во согласност со временската прогноза и најавите за зачестени врнежи од дожд, спроведоа и дополнителни активности за одржување на атмосферската канализациска мрежа, известуваат од јавното претпријатие.

- Во рамки на дополнителните активности се изврши расчистување на сливниците, каналите и шахтите рачно, но и со примена на механизација – цистерна вакуум и под притисок. Расчистувањето и проверката се спроведоа на сите улици на територија на град Скопје, со посебен акцент на критичните точки во градот: булевар „Србија“, улица „Јуриј Гагарин“, булевар „Александар Македонски“, булевар „Киро Глигоров“, подвозниците „Наше дете“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Александар Палас“, булевар „Илинден“, „Христо Татарчев“ и други, со цел непречена и нормална функционалност на атмосферската канализација, како и спречување на несакани последици, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Екипите на претпријатието остануваат подготвени и на терен во согласност со условите за навремена реакција за задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје. ир/цр

 

Фото: ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

Остани поврзан