• четврток, 26 март 2026

Активни пожарите во „Јасен“ и помеѓу селата Рогачево и Јажинце

Активни пожарите во „Јасен“ и помеѓу селата Рогачево и Јажинце

Скопје, 16 август 2025 (МИА) - Вкупно пет пожари на отворен простор се регистрирани до 12 часот денеска, од кои активни се два, а изгаснати се три пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарот во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума и пожарот помеѓу селата Рогачево и Јажинце, Општина Јегуновце, каде горат пасишта и мешана шума.

Изгаснати се пожарите покрај патот Тетово - Гостивар каде гореше ѓубриште, во село Врановци, Општина Врапчиште каде гореа ниска вегетација и ливади и во село Матејче, Општина Липково каде беше опожарена ниска вегетација и стрниште. мч/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан