• петок, 05 декември 2025

Активен пожар кај Езерани, Волкодери и Покрвеник во Преспа

Активен пожар кај Езерани, Волкодери и Покрвеник во Преспа

Ресен, 21 јули 2025 (МИА) - Два ер-трактори претпладнево го гаснеа пожарот кој избувна во атарот на преспанските села Езерани, Волкодери и Покрвеник.
Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен, за МИА попладнево потврдија дека побарана е помош за дополнително дејствување на ер-трактор и гаснење на огнот кој не е локализиран.

-Оштетени се повеќе површини, а опасноста го демне и националниот парк Езерани, кој како што е познато, претставува заштитено подрачје. На терен се ресенските пожарникари, ние од локалната самоуправа, ренџери од националниот парк и локалното население кое помага, потврдија од Општина Ресен.

Со пожарот зафатени се трска, шума и јаболкови насади во преспанските села Езерани, Воккодери и Покрвеник, а опасноста да биде зафатен Националниот парк „Галичица“ не е исклучена. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан