• вторник, 20 август 2024

Ако Трамп победи во администрацијата ќе има место и за Маск

Ако Трамп победи во администрацијата ќе има место и за Маск

Вашингтон, 10 август 2024 (МИА) – Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп изјави дека доколку победи на изворите во ноември ќе разгледа потенцијална позиција за извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск во неговиот кабинет.

Тој е многу паметен човек. Јас секако би, ако тој го сака тоа. Тој е брилијантен човек, истакна Трамп.

Тој посочи и дека е подготвен да укине даночниот кредит од 7.500 долари за Американците кои купуваат електрично возило.

Администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден, исто така, се обиде да го зголеми производството и купувањето на електрични автомобили како дел од нејзините напори за справување со климатските промени. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан