• петок, 22 ноември 2024

Акане: Путин не може да ја избегне правдата

Акане: Путин не може да ја избегне правдата

Токио, 20 март 2024 (МИА) – Новоизбраната претседателка на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Томоко Акане, изрази цврсто уверување дека рускиот претседател Владимир Путин, против кого судот во Хаг издаде налог за апсење, ќе биде изведен пред лицето на правдата за неговите воени злосторства во Украина.

Акане во интервју за Јапонската новинска агенција Кјодо наведе дека Путин ќе го добие тоа што го заслужува.

Иако Русија најверојатно нема да се согласи да му го предаде Путин на Судот со оглед на тоа што не е членка, рускиот претседател би можел да биде уапсен доколку посети некоја од земјите-членки на МКС, вклучително и Јапонија.

Акане наведе дека МКС се соочува со многу предизвици, пред сè поради тековните борби во Украина и помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

- Се појавија многу случаи кои бараат одговор, посочи 67-годишната Акане, која на 11 март ја презеде функцијата претседателка на МКС. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан