• четврток, 16 мај 2024

Академија ФМП и Куманово со победи го отворија новото првенство

Академија ФМП и Куманово со победи го отворија новото првенство
Скопје, 31 октомври 2020 (МИА) – Екипите на Академија ФМП и на Куманово забележаа победи на стартот на новата сезона од кошаркарската Прва лига. Академија ФМП го изненади фаворитот Гостивар кој кој од Скопје си заминува со неочекуван пораз, додека Куманово освои два бода на гостувањето во Кисела Вода, против дебитантот ТФТ. Резултати: Академија ФМП – Гостивар 84:75 ТФТ – Куманово 82:83 Два натпревара се закажани за утре: МЗТ Скопје Уни Банка – Еуро Никел (почеток 16 часот) Работнички – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 18 часот). Одложени се средбите: Вардар – Црн Дрим Кожув - Пелистер. зс/

Остани поврзан