• понеделник, 23 декември 2024

Азески - Чадеж: Отстранување на бариерите за водење бизнис до поголема конкурентност на регионот

Азески - Чадеж: Отстранување на бариерите за водење бизнис до поголема конкурентност на регионот
Охрид, 21 јули 2022 (МИА) - Отстранување на сите бариери за водење бизнис во регионот, како и меѓусебно признавање на дипломите, звањата и сертификатите, подобра инфраструктура и брзо преминување на границите ќе обезбедат поголема конкурентност на регионот, е заклучокот по денешната средба во компанијата „Костал“ во Охрид на претседателите на стопанските комори на Северна Македонија и на Србија Бранко Азески и Марко Чадеж во рамки на Коморскиот инвестициски форум. - Многу е важно да немаме пречки и тоа всушност е она што ја чини економската соработка во регионот. Одамна предлагаме да се признаваат квалификациите и да постојат заеднички работни дозволи во целиот регион. Така ќе има и многу стручњаци, тие слободно ќе можат да работат низ регионот, рече Чадеж. Коморскиот инвестициски форум, според Азески, е единствена институција која ги обединува интересите на приватниот капитал на Западен Балканима и има значајна улога во работењето на економиите. - За нас е битно ова, бидејќи претставувањето на привантиот сектор за нас е многу значајна работа во однос на политиките што ги води јавниот сектор. Кај нас на Балканот политиката секогаш се наметнува над бизнисот и тоа не става пред нови предизвици. Прв пат гледаме една друга приказна која се ободува да ја сврти позицијата на јавниот и приватниот сектор како на Запад. Тоа значи приватниот да стане доминантен во отворањето нови работни места. Работиме целосно на тој план, рече Азески. За генералниот менаџер на компоанијата „Костал Македонија“ Виктор Мизо, важно е да се зголеми соработката со локални, однсоно регионални добавувачи и да ги подигнат нивните знаење. - Секоја земја индивидуално е премногу мала да се концентрираме само на една. Ние сме една од ретките компании, која има и тим за соработка со локални добавувачи и подобување на нивните знаења можности и квлаификации. Веќе имаме од Босна и Херцеговина и Србија, планираме да ја прошируваме соработката и со други компании од Западен Балкан, а веќе работиме и со фирми од Хрватска, Словенија и Бугарија. Место да увезуваме работна сила тоа го правиме од регионот, но квалификуваме локални компании кои стануваат многу поконкурентни, истакна Мизо. Соработката во регионот, нагласи тој, подобрувањето на инфратруктурата и едукативниот систем, како и брзото преминување на границите ќе обезбеди поголема конкурентност на регионот. сс/цр

Остани поврзан