• вторник, 05 ноември 2024

Азар ја заврши кариерата на 32 години

Азар ја заврши кариерата на 32 години

Брисел, 10 октомври 2023 (МИА) – Белгискиот фудбалер Еден Азар се повлече од фудбалот на 32 години.

- Треба да се слушате себеси и да кажете „стоп“ во вистинскиот момент. По 16 години и повеќе од 700 одиграни натпревари, решив да ја завршам кариерата како професионален фудбалер. Успеав да го исполнам мојот сон, играв и се забавував. Во текот на мојата кариера имав среќа да запознаам неверојатни тренери, тренерски штабови и соиграчи - ви благодарам на сите за овие прекрасни времиња, сите ќе ми недостасувате, изјави Азар.

Тој им се заблагодари на клубовите за кои настапуваше: Лил, Челзи и Реал Мадрид, како и на Белгиската фудбалска федерација што го повика за националниот тим.

- Посебна благодарност до моето семејство, моите пријатели, моите советници и луѓето кои беа тука за мене во добрите и лошите моменти. Конечно, огромна благодарност до вас, моите фанови, кои ме следеа сите овие години, за поддршката каде и да сум настапувал.

Еден ја започна својата професионална кариера во Лил во 2007 година, а во 2012 година се пресели во Челзи. Негов последен клуб беше Реал Мадрид, за кој Белгиецот настапуваше од 2019 до 2023 година.

Азар во кариерата освои 15 трофеи. Двапати стана шампион на Англија и Шпанија, освои една победа во францускиот шампионат, ја освои Лигата на шампионите и двапати ја освои Лигата на Европа.

Екс играчот од средниот ред одигра 126 натпревари за репрезентацијата на Белгија и освои бронзен медал на Светското првенство 2018 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан