• петок, 20 декември 2024

Азар: Првите две вакцини за коронавирус во САД ќе бидат пуштени пред Божиќ

Азар: Првите две вакцини за коронавирус во САД ќе бидат пуштени пред Божиќ
Вашингтон, 30 ноември 2020 (МИА) - Првите две вакцини за коронавирус во САД ќе бидат пуштени во оптек до празникот Божиќ, ова денеска го истакна министерот за здравство Алекс Азар, откако фармацевтската компанија Модерна од ресорните органи денеска побара одобрение за итно пуштање во примена на вакцината. Католички Божиќ се слави на 25 декември. Како што кажа Азар во утринската програма на Си-Би-Ес, тој и потпретседателот Мајк Пенс попладне планираат да разговараат со гувернерите на сојузните држави за тоа какви групи на население треба први да бидат вакцинирани. кб/

Остани поврзан