Администрацијата на Трамп отпушти високи лидери на Националниот архив
- Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отпушта високи лидери на Националниот архив на САД, објавија денеска американските медиуми.
![Администрацијата на Трамп отпушти високи лидери на Националниот архив](https://mia.mk/images/20250215094554_big_730x400_35.webp )
Вашингтон, 15 февруари 2025 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп отпушта високи лидери на Националниот архив на САД, објавија денеска американските медиуми.
Цитирајќи извор запознаен со ситуацијата, Си-Ен-Ен објави дека потегот дојде откако претседателот Трамп минатата недела ја отпушти директорката на Националниот архив (НА), Колин Шоган.
Како директорка на НА, Шоган беше одговорна за надзор на владините документи и управување со државната агенција, која Трамп постојано ја критикуваше дека го информирала Министерството за правда на почетокот на 2022 година, по првиот мандат на Трамп, за неговата незаконска употреба на доверливи документи. паг/