• недела, 22 декември 2024

Адидас истражува голем корупциски скандал во Кина

Адидас истражува голем корупциски скандал во Кина

 

Пекинг, 16 јуни 2024 година (МИА) – Германскиот производител на спортска опрема Адидас истражува огромен скандал со наводна корупција во Кина, проценет на неколку стотици милиони евра, а осомничените се локални вработени во групацијата, објави денеска британскиот весник Фајненшл Тајмс.

Во писмо, наводно напишано од „вработени во Адидас во Кина“, се именувани неколку кинески вработени, вклучително и извршен директор, во одделот за маркетинг буџет на компанијата.

Во документот, кој кружеше на кинеската социјална мрежа во текот на јуни, се наведува дека корупцискиот скандал „тежи“ 250 милиони евра.

Британскиот весник наведува дека документот го обвинува персоналот на Адидас за примање поткуп од даватели на услуги овластени од германската групација.

Менаџер на „Адидас“ во Кина е обвинет дека примил „милиони готовина од добавувачите, како и имот, вклучително и недвижен имот“.

Адидас, кој влезе на пазарот во Кина во 1997 година, во минатото се прошири на повеќе од 10.000 продавници. Сепак, последниве години, Адидас се соочи со подемот на локални брендови, вклучувајќи ги Анта и Ли Нинг. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан