• среда, 15 мај 2024

Адетокунбо нов рекордер по број на скокови во дресот на Милвоки

Адетокунбо нов рекордер по број на скокови во дресот на Милвоки

Милвоки, 18 декември 2023 (МИА) – Првата ѕвезда на Милвоки, Јанис Адетокунбо, ја надмина легендата на Бакс, Карим Абдул-Џабар во тимските скокови.

На мечот со Хјустон (128:119) одигран ноќта недела кон понеделник, Јанис постигна 26 поени и 17 скока. Четиринаесеттиот скок од натпреварот му овозможи на Гркот да го надмине славниот центар, кој во дресот на Милвоки бакс имаше 7.161 скок во 11 сезони.

Адетокунбо претходно стана лидер на клубот по поени и асистенции.

Грчкиот репрезентативец им се придружи на Мајкл Џордан (Чикаго), Леброн Џејмс (Кливленд) и Кевин Гарнет (Минесота) како единствените играчи во историјата на НБА кои ги предводеле своите тимови во три главни статистики. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан