• сабота, 11 мај 2024

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа

Милвоки, 9 јануари 2024 (МИА) – Јанис Адетокунбо има разбирање за исвиркувањето на навивачите на Милвоки за време на натпреварот со Јута одигран ноќеска на домашен терен.

Навивачите на Бакс го исвиркаа сопствениот тим во текот на првото полувреме кое заврши со водство на Јута 77:46. Милвоки на крајот загуби со резултат 116:132, со што го претрпе четвртиот пораз во последните пет натпревари.

- Милвоки има одлични навивачи. Но, начинот на кој функционира тимот во последно време е проблематичен. Јасно е дека ако не дадете максимум на теренот, може да бидете исвиркани. Па и јас самиот ќе се исвиркав себеси што играв така, рече Адетокунбо.

Гркот постигна трипл-дабл - 25 поени, 10 скока и 11 асистенции со шут од поле 10 од 20. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан