• петок, 28 јуни 2024

Адетокумбо го надминува достигнувањето на Лери Бирд

Адетокумбо го надминува достигнувањето на Лери Бирд
Орландо, 1 август 2020 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, постигна 36 поени, направи 15 скокови и 7 асистенции во победничкиот натпревар со Бостон (119:112). Адетокумбо сега има 25 одиграни натпревари со 30+ поени, 15+ скокови и 5+ асистенции. Така, лидерот на Бакс го надмина легендарниот Лери Бирд, во чија кариера се 24 вакви натпревари. Во оваа статистичка категорија во НБА лигата, првото место и натаму е резервирано за Чарлс Баркли, со 32 вакви натпревари. Покрај тоа, Адетокумбо го повтори рекордот на легендарниот центар на Сан Антонио, Дејвид Робинсон, со 35+ поени, 15+ скокови и 5+ асистенции по петти пат во иста сезона. зс/

Остани поврзан