• петок, 22 ноември 2024

Адеми - Ларсон: Багодарност за шведската поддршка на нашите евроинтегративни процеси

Адеми - Ларсон: Багодарност за шведската поддршка на нашите евроинтегративни процеси

Скопје, 20 април 2023 (МИА) - Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Арбер Адеми на денешната средба  со амбасадорката на Шведска во нашата земја, Ами Ларсон изрази благодарност за шведската поддршка на нашите евроинтегративни процеси, но и задоволство од одличните односи меѓу двете земји.Како што соопштија од Комисијата за европски прашања, во рамките на разговорот беше изразена благодарност за шведската поддршка за зајакнување на капацитетите на Собранието, во областа на демократијата и владеењето на правото.

Адеми и Ларсон  Фото/ Комисија за европски прашања на Собранието

- Адеми се заблагодари за шведската поддршка на нашите евроинтегративни процеси, особено за време на актуелното шведско претседавање со ЕУ кое ќе трае до крајот на јуни годинава, и во тој контекст истакна задоволство од одличните односи меѓу двете земји, кои се карактеризираат со политички дијалог пријателство и соработка, се наведува во соопштението на Комисијата.

Оттаму посочуваат дека на состанокот беа разменети мислења за напредокот на нашата држава на патот кон ЕУ, процесот на уставни измени и реформската програма за соработка на Шведска, која има за цел да и помогне на нашата интеграција во ЕУ. бт/сп/

Остани поврзан