Агрон Фазлији повторно избран за претседател на ЗКРСМ
Куманово, 22 март 2023 (МИА) - Занаетчиска комора на Република Северна Македонија (ЗКРСМ) на изборно собрание, повторно го избра Агрон Фазлији за претседател на комората, соопштија денеска од ЗКРСМ.
Претседателот Фазлији, во обраќањето пред членовите и претставниците на другите органи на комората, рече дека своето раководство ќе го темели на принципите и вредности на ЗКРСМ и во согласност со мисијата и визијата на комората за заштита и унапредување на нејзините членки и на занаетчиските вредности. Старо- новиот претседател кажа дека изминативе години, занаетчиите се соочија со предизвици од пандемската, економската, енергетската криза.
-Одговорноста е голема затоа што ги застапуваме интересите на 25.000 субјекти. Во наредниот период ќе работиме на креирање кадри кои недостигаат. Време е микро малите занаетчиски дејности да го заземат своето место во создавање и креирање на нови економски политики, вели Фазлији.
Директорката на ЗКРСМ, Јелена Спасова, кажа дека ќе се концентрираат на креирање на десет нови програми автомеханичар, слаткар, пекар, фризер, козметичар, домајстор, изработувач на накит од филигран, монтер на градежни елементи.