• понеделник, 23 декември 2024

Агенцијата „Марили“ ги избра десетте најуспешни жени менаџерки за 2023

Агенцијата  „Марили“ ги избра десетте најуспешни жени менаџерки за 2023

Скопје, 22 мај 2023  (МИА) - Агенција „Марили“ ги избра десетте најуспешни жени менаџери од државава и регионот за 2023 година.

На манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери 2023“ на 27 мај во Скопје ќе им бидат врачени статуетки „Жена водилка“ на Драгица Устапетрова Атанасова – генерален менаџер „Импера Плус Инженеринг“ Скопје,  Наташа Денковска Бојковски, генерален менаџер на „Бучен Козјак“ – Куманово, Јасминка Вангелова, генерален менаџер на „Интерфуд вендинг кафемати“- Скопје, Ангела Јолакоска – Финансов менаџер „АСП-ПАК“ – Охрид, Маја Станковска Костова, генерален менаџер на Кроација Осигурување Живот – Скопје, Марија Костуранова, генерален менаџер на „Диоптра оптика“, Скопје, Маја Кузмановска, генерален директор на „Бизнис Академија Смилевски“ БАС, Весна Чемерска Попова – генерален менаџер „Фуџи Дент“, Кавадарци, Аракси Микаелијан - генерален менаџер „Инфо Тим Логистика“ , Војводина, Р. Србија и Санија Мурати – НВО „Лејди“, Република Косово.

Изборот на најуспешните е направен според веќе воспоставените критериуми. Избрани се менаџерки од успешни компании од приватниот сектор од различни области и дејности од целата држава и до регионот, почитувани се препораките од деловните колеги и соработници, како и личната согласност на секоја менаџерка да биде дел од овој избор. Годинава манифестацијата ќе ја отвори директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Манифестацијата се одржува по 27.пат и претставува најстар проект на Балканот за поддршка, промоција, поттик и охрабрување на жената во бизнисот и нејзините успеси како менаџер, лидер и претприемач.

Оваа година, манифестацијата ќе биде заокружена со хуманитарна донација од членките на Марили Бизнис Клуб кој го сочинуваат најуспешните менаџери прогласувани години наназад. Донацијата се состои од апарат за безболни крвни анализи Афијас 6 заедно до 500 тестови за aпаратот, кои ќе бидат донирани во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата во „Козле“.свс/лв/

Фото: Марили

Остани поврзан