• вторник, 05 март 2024

Членството на Северна Македонија во ЕУ е е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка

Членството на Северна Македонија во ЕУ е е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка

Криволак, 7 декември 2023 (МИА) - Членството на Република Северна Македонија во Европската Унија е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

По посетата на американските војници, кои поддржани од Армијата изведуваат вежба на Криволак одговарајќи на новинарско прашање во врска со декемврискиот самит на ЕУ и неизвесноста околу добивање датум за преговори, поради неспроведените уставни измени уште еднаш повтори дека ставовите на САД се јасни во однос евроинтегративниот процес во земјата.

- Во секој случај нашите ставови се јасни. САД како што знаете не е членка на ЕУ, меѓутоа се надеваме дека во најбрз можен рок вие ќе станете членка во ЕУ, затоа што сметаме дека вашето членство во Унијата е клучно за спроведувањето на реформите и во исто време сметаме дека со можните направени промени ќе станете полноправна членка на ЕУ што е можно поскоро, изјави Агелер одговарајќи на новинарско прашање.

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер денеска изјави дека постојат различни начини и во различни етапи за да се изрази незадоволството на лицата кои САД ги поместуваат на „црнат

Таа не сакаше да го коментар на ставот на помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан за опозицијата, кој во интервју за „360 степени“ во однос на ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да поддржат уставни измени под бугарски диктат и дали има шанси за интервенции во Преговарачката рамка рече дека нема да има подобра понуда.

-Јас мислам… Не. Видите, има понуда на маса. И ако сакате да знаете за некого кој е и како ќе постапува кога ќе биде на власт, видете како ќе реагира на таа понуда. Ако тие велат, на многу јасен начин, еве ја алтернативата и верувам дека таа е прифатлива за другите, тогаш можете да процените дали се во право или не. Ако велат – имам подобра понуда, но нема сега да ти кажам што е – тоа е личност од која не би купиле автомобил. Па, мислам и дека не би требало да гласате за нив, исто така. Но, тоа е избор кој го прават гласачите овде. Јас не гласам овде. Луѓето може да изберат што сакаат, нагласи О‘ Брајан.

О'Брајан, кој за таа функција беше предложен пред неколку месеци од американскиот претседател Џо Бајден, ќе биде претпоставен на американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој повтори дека САД ги поддржуваат аспирациите на Северна Македонија за ЕУ и мисли дека мнозинството граѓани сака да е дел од Европа.

-Некои политички структури мислат поинаку, некои можеби добиваат пари од некои места, некои имаат легитимни аспирации на малцинското гледиште. Но, мислам дека мнозинството сака да е дел од Европа и ние го поддржуваме тоа. Овој конкретен компромис, мислиме дека е само дел од тоа како една држава станува целосно европска. САД не се членка на ЕУ, како што редовно не потсетуваат, но ЕУ е изградена на компромиси, рече О‘ Брајан. свд/сс/

Фото: МИА архива

Остани поврзан