• петок, 22 ноември 2024

Агелер: Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, не треба да ги напаѓа медиумите или пак некој новинар конкретно

Агелер: Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, не треба да ги напаѓа медиумите или пак некој новинар конкретно

Скопје, 23 јануари 2023 (МИА) – Слободата на медиумите е многу важна за секоја земја. Тоа е еден од нашите најзначајни приоритети. Силно верувам дека никој, ниту функционер ниту поединец, но особено функционерите, не треба да ги напаѓаат медиумите или пак некој новинар конкретно. Искрено, мислам дека тоа е опасно. Мислам дека тоа не е соодветно, нагласи вечерва амбасадорката на САД во земјава Ангела Агелер.

Таа, во интервју за ТВ „Телма“, одговарајќи на прашање во врска со изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, со која телевизијата ја етикетираше како „непријател на Албанците“, а премиерот Димитар Ковачевски наместо да го осуди таквиот напад ја критикуваше уредувачката политика на ТВ „Телма“, посочи дека верува во тоа дека постои еден вид на „општествен договор“ со одговорните новинари.

– Медиумите на пример, може да имаат одредени погледи или поединечно новинарите може да имаат одредени ставови. Многу е фер новинарите да бидат критички настроени кон избраните функционери. Всушност тоа е и нивната улога, во голем број на случаи. Да ја алармираат јавноста ако постои загриженост за Владата или опозицијата или кој и да е друг. Но, исто така е суштински важен, е тоа да биде направено на начин кој не е личен напад на поединецот. Дека целта е да се обезбедат информации за јавноста, со цел тие да можат да донесат одлуки кога ќе гласаат или ќе им одговорат на избраните функционери за своите цели. Значи луѓето да ги добиваат информациите кои им се потребни, рече Агелер.

Амбасадорката додаде дека луѓето се критикуваат за работи кои можеби и не знаат дека згрешиле.

– Но тоа се прави на начин, кој не е едноставно напад врз поединците. Без разлика дали тоа доаѓа од избраните функционери или новинарите, мислам дека е важно да постои таа рамнотежа. И тоа да се прави на еден фер начин, истакна Агелер.см/дма/

Остани поврзан