• петок, 03 мај 2024

Авторот на крими жанрот Андерс Рослунд гостин на Саемот на книга

Авторот на крими жанрот Андерс Рослунд гостин на Саемот на книга

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - Во рамки на 36. издание на Саемот на книга, во сабота, 20 април, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје на штандот на издавачката куќа „Антолог“ специјален гостин ќе биде шведскиот новинар и писател Андерс Рослунд.

Рослунд е познат по своите крими трилери и освојувањето на многу награди, но и по позиционираноста на водечки места на бестселер-листатата на „Њујорк тајмс“. Тој е автор на книгите „Чук чук", „Слатко сонувај“ и „Верувај ми“, која ќе има специјална промоција во рамки на Саемот на книга, три дела кои веќе се преведени на македонски,како и на други наслови зад кои се потпишува во дуо.

-Рослунд е еден од најистакнатите автори на криминалистичка проза во моментов, со богата кариера и со голем број на обожаватели низ светот. Неговите трилери се познати по својата напнатост и интрига, и сигурни сме дека ќе биде неповторливо искуство за сите присутни на настанот да имаат можност да го сретнат и разговараат одлблизу со него, потенцираат од „Антолог“.

Рослунд (1961) досега има објавено десет книги како дел од писателските дуети Рослунд и Хелстром и Рослунд и Тунберг. Пишува и под псевдонимот Антон Свенсон. Бил основач на „Вести од културата“ на Шведската национална телевизија, а работел и како новинар во црна хроника. Неговите дела се преведени на 31 јазик и продадени во три милиони примероци.  

Годинашниот Саем на книга ќе се одржува од 18 до 24 април, под слоганот „Приказна се чита“.бт/бак/

Фото: „Антолог“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан