• вторник, 18 јуни 2024

Авторот Петар Андоновски до македонските режисери за изведба на сцена да земаат текстови на македонски автори

Авторот Петар Андоновски до македонските режисери за изведба на сцена да земаат текстови на македонски автори

Велес, 26 февруари 2023 (МИА) - Со претставата „ Лето во кое те нема“  на малата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес синоќа гостуваше ансамблот на Кумановскиот театар.

Автор на претставата е Петар Андоновски, а во претставата играа Марко Трајковиќ, Марко Богдановски, Ангела Стојановска и Игор Трајковски.

Пред почетокот на претставата, публиката имаше можност да го проследи разговорот меѓу Сашо Димоски, директорот на велешкиот театар и самиот текстописец со авторот на текстот за претставата Петар Андоновски. Авторот во  разговорот истакна и веодно им порача на режисерите дека е добро дела од македонските текстописци да бидат изведувани на театарските сцени во земјава.

Тој информира дека во земјава има одлични текстописци чии дела се преведувани на англиски и други светски јазици и читани во странство, па им порача на македонските режисери порај странските за своите претстави да земаат текстови од македонски автори.

Тој на публиката и порача да ја погледнат претставата и потоа да ја прочитаат и неговата книга „Лето во кое те нема“, а според која е направена оваа претстава. ад/мс/

Остани поврзан