• вторник, 23 април 2024

Автомобил удрил во полициско возило на автопатот Куманово – Табановце

Автомобил удрил во полициско возило на автопатот Куманово – Табановце

Куманово, 21 февруари 2023 (МИА) - Сообраќајна незгода се случи вечерва на автопатот Куманово – Табановце кога автомобил марка „Шкода" удрил во службено полициско возило.

Увидот на сообраќајката е во тек. Од полицијата најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Поради сообраќајната незгода од 21 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец од Куманово, кај бензинската станица пумпа „Макпетрол“, до Граничниот премин „Табановце“, соопшти АМСМ.

МВР информира дека денеска, во 15.50 часот, на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при скопското СВР го лишиле од слобода скопјанецот М.З.

СВР Куманово потврди дека во 20:50 часот добило пријава дека на автопатот Куманово -Табановце се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Шкода“, удрило во службено возило на МВР. ам/сп/

Остани поврзан