• петок, 05 декември 2025

Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред

Скопје, 8 септември 2025 (МИА) - Поради државниот празник „8 Септември“ - Денот на независноста, денеска автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие сообраќаат по неделен возен ред.

Работат само билетарницата и центарот за персонализација кај Транспортниот центар.

Од ЈСП информираат дека жичницата денеска нема да работи. 

- Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот за Жичницата се неработни денови, нагласуваат од ЈСП - Скопје. бд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан