Австрија пресилна за македонските одбојкарки
- Македонската женска одбојкарска репрезентација со убедлив пораз ги почна квалификациите за Европското првенство 2026.

Скопје, 17 август 2024 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација со убедлив пораз ги почна квалификациите за Европското првенство 2026.
На натпреварот одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“ Австријките победија со 3:0, по сетови 25:14, 25:17 и 25:20.
Тамара Стојанова беше најефикасна во македонскиот национален тим со 12 освоени поени.
Следниот меч Македонија ќе го игра на гости со Грција на 28 август. зс/
Фото: ОФМ