• понеделник, 04 ноември 2024

Австрискиот претседател Ван дер Белен нема да додели мандат за формирање влада на ниту една партија

Австрискиот претседател  Ван дер Белен нема да додели мандат за формирање влада на ниту една партија

Виена, 9 октомври 2024 (МИА) - Австрискиот претседател Александар ван дер Белен изјави дека на ниту една партија нема да ѝ даде мандат да формира влада по изборите за Националниот совет (Долниот дом на Парламентот), пренесoa aвстриските медиуми.

Ван дер Белен го соопшти својот став откако вчера ги заврши своите консултации со лидерите на Австриската Партија на слободата (АП), Австриската народна партија (АНП), Австриската социјалдемократска партија (АСДП), „НЕОС - Нова Австрија и либерален форум“ и „Зелените“.

Шефот на државата очекува лидерите на трите партии кои добија најмногу гласови на изборите – АПС, АНП и АСДП „со сигурност да разјаснат како би можеле да соработуваат“. Политичките формации ќе треба да се изјаснат по ова прашање до крајот на следната недела. рп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан