• четврток, 04 јули 2024

Австрискиот амбасадор Мартин Памер во работна посета на Кавадарци 

Австрискиот амбасадор Мартин Памер во работна посета на Кавадарци 

Кавадарци, 8 февруари 2024 (МИА) - Австрискиот амбасадор во земјава Мартин Памер денеска е во работна посета на општината Кавадарци. Тој се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Амбасадорот нагласи дека му е мило што е во посета на Кавадарци, најважниот град, како што рече, за винарството во Македонија. 

- Имавме многу добар разговор за соработка. Разменивме мислења околу винарството во двете земји. Кога ќе доаѓа следната економска мисија, ќе го ставиме Кавадарци на списокот на градови за посета, подвлече Памер.

Јанчев исто така изрази задоволство од посетата на амбасадорот. Рече дека се разговарало на повеќе теми, меѓу кои лозарството, винарството и меѓусебната соработка. 

- Ќе посетиме и австриска компанија во Кавадарци, што се занимава со рециклирање на стаклена амбалажа за производство на вино, голем еколошки и економски благодет, нагласи градоначалникот. свд/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан