• четврток, 22 август 2024

Австралија со план за домашно производство на проектили

Австралија со план за домашно производство на проектили

Сиднеј, 22 август 2024 (МИА) - Австралија објави инвестиција од 570 милиони американски долари за домашно производство на проектили, во обид да ги зајакне воените капацитети во услови на регионална трка во вооружување.

Министерот за одбранбена индустрија Пат Конрој објави договор за развој на поморски и воздушно лансирани проектили во фабрика северно од Сиднеј.

Фабриката има цел производство на противбродски крстосувачки ракети и JSM што можат да се вградат во најсовремените авиони Ф-35А.

„Ова е за инвестирање во нашата напредна, високотехнолошка производствена индустрија и развој на нашата суверена одбранбена индустриска база“, рече Конрој.

Претставник на одбраната изјави дека фабриката ќе започне со производство во 2027 година и ќе може да произведува 100 проектили годишно.зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан