• сабота, 18 мај 2024

Австралија го зголемува буџетот за одбрана

Австралија го зголемува буџетот за одбрана

Канбера, 17 април 2024 (МИА) – Австралија ќе ги зголеми расходите за одбраната за 50,3 милијарди австралиски долари (32 милијарди американски долари) во следната деценија и ќе го модернизира оружјето, пред сè ракетите, беспилотните летала и воените бродови.

Најголемиот дел од новите расходи, кои вкупно ќе изнесуваат 330 милијарди австралиски долари во следните 10 години, ќе бидат реализирани во последните пет години, зголемувајќи го буџетот за одбрана на 2,4 проценти од бруто домашниот производ БДП до 2034 година. Австралија сега за одбраната издвојува околу два отсто.

Министерот за одбрана Ричард Марлс изјави дека овој буџет ги одразува новите приоритети, како што се ракетите со долг дострел, за кои Австралија верува дека се неопходни во свет каде што потенцијалниот конфликт помеѓу Кина и САД може да има значително влијание врз регионот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан