• недела, 22 декември 2024

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии од безбедносни причини

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии од безбедносни причини

Канбера, 19 април 2024 (МИА) - Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан