• недела, 22 декември 2024

Авицена Женска трка на 5 септември, пријавување до 30 август

Авицена Женска трка на 5 септември, пријавување до 30 август
Скопје, 20 јули 2021 (МИА) - Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, оваа година Авицена Женска трка ќе ја организира деветтата по ред трка за припадничките на женскиот пол. Трката ќе се одржи на 5 септември, а пријавувањето официјално е отворено и ќе трае до 30 август, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. Организаторите посочија дека минатата година трчале 500 натпреварувачки, кои и покрај сите протоколи и препораки за заштита од коронавирусот, успеале да ја продолжат традицијата во подигање на свеста за здрави навики. Пријавувањето и регистрацијата може да се направи преку официјалната веб страна на Авицена Женска трка „www.zenskatrka.mk“ или на „www.smartrace.club“. Можност за учество и пријавување имаат сите припаднички на женскиот пол без разлика на возраста. Од организацијата информираат дека сите оние учеснички кои минатата година ја одложиле својата регистрација за 2021 година, автоматски се префрлени и за овогодинешната трка и не треба ништо да превземаат, може своето име да си го побараат во стартната листа на „www.zenskatrka.mk“. Стартот на трката ќе биде од 9 часот наутро, а ќе се трча вкупно три километри, со што по завршувањето на трката ќе се прогласат најдобите учеснички во седум возрасни категории. Ќе биде организирана и лотарија во која ќе учествуваат сите учеснички со стартен број, кои ќе добијат подароци од партнерите на трката. Организаторите на деветтото издание на Авицена Женска трка ги повикуваат сите претставнички на женскиот пол и љубители на спортот да се пријават на овогодинешната трка и да ги почитуваат сите препораки за заштита на здравјето и безбедно одржување на трката. Патеката на трчање ќе биде дополнително објавена.бт/лв/

Остани поврзан