• недела, 24 ноември 2024

Абазовиќ: За да се избира нова влада некој мора да ја собори актуелната

Абазовиќ: За да се избира нова влада некој мора да ја собори актуелната
Подгорица, 1 ноември 2021 (МИА) - За да се избере нова влада некој мора да ја собори постојната, изјави денеска црногорскиот вицепремиер и лидер на Граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ. Тој пред новинарите во парламентот, по седницата на Комисијата за безбедност и одбрана, коментирајќи ја најавата на Демократскиот фронт дека ќе покрене иницијатива за избор на нова влада, изјави дека го почитува ставот на тој политички сојуз. Абазовиќ рече дека УРА е таму доколку треба да седне и да се договори, додавајќи дека ставот на таа партија и претходно бил јасен. -Добро би било да се најде решение, да не се губи време, рече Абазовиќ и додаде дека не знае дали неговите колеги се подготвени да ја урнат владата. сд/  

Остани поврзан