• недела, 30 јуни 2024

 Санкционирани 281 возачи на мотоцикли, пет мотоцикли одземени

 Санкционирани 281 возачи на мотоцикли, пет мотоцикли одземени
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Во периодот од 22.08.2022 до 28.08.2022 година спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 281 возач. Од нив, информираа денеска од МВР, 185 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 57 возеле без возачка дозвола, пет мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/

Остани поврзан