• вторник, 14 мај 2024

 Протести во Белорусија, истекува ултиматумот на Лукашенко

 Протести во Белорусија, истекува ултиматумот на Лукашенко
Минск, 25 октомври 2020 (МИА) - Полицијата во Минск денеска го блокираше пристапот до центарот на градот во обид да го запре протестниот марш, т.н. Популарен ултиматум, пренесува агенцијата ТАСС. Полицијата распореди водени топови за да го блокира движењето на неколку илјади демонстранти кон Плоштадот на победата. Денеска е последниот ден од ултиматумот што претседателскиот кандидат  Светлана Тихановскаја му го даде на претседателот Александар Лукашенко. Барањата вклучуваат негова оставка од функцијата претседател, слобода за политичките затвореници и крај на насилството. Опозицијата ги повика работниците од индустриските претпријатија од утре да започнат штрајк доколку не бидат исполнети овие барања. Полицијата во западниот белоруски град Лида приведе десетици луѓе за време на протестот и фрли солзавец кон демонстрантите. Демонстрациите низ целата земја почнаа по претседателските избори на 9 август, кога Лукашенко, кого опозицијата го обвинува за кражба на гласови, оствари победа со 80,10 проценти од гласовите. На второто место се најде Тихановскаја, која одби да ги признае резултатите, со 10,12 проценти од гласовите. паг/

Остани поврзан