За сообраќајни прекршоци 78 казни на територија на СВР Битола
- Во текот на вчерашниот ден во рамки на контролите во областа на сообраќајот на територија на СВР Битола санкционирани се 78 возачи, меѓу кои 20 мерки за возење повеќе од дозволената брзина.
Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во рамки на контролите во областа на сообраќајот на територија на СВР Битола санкционирани се 78 возачи, меѓу кои 20 мерки за возење повеќе од дозволената брзина.
Како што денеска соопштија од МВР, изречени се осум мерки за возење без возачка дозвола, двајца возачи се казнети за управување под дејство на алкохол, 12 санкции се за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/дма/
Фото:МИА архива