„Генералка викенд“ во Прилеп, се чисти во околината на вештачкото езеро
- Во рамки на акцијата „Генералка викенд“, доброволци, ученици од основните училишта, од јавните комунални претпријатија денеска учествуваат во чистењето на отпадот во околината на вештачкото езеро во Прилеп, едно од најпознатите излетнички и места за рекреација на прилепчани.
Прилеп, 9 мај 2025 (МИА) - Во рамки на акцијата „Генералка викенд“, доброволци, ученици од основните училишта, од јавните комунални претпријатија денеска учествуваат во чистењето на отпадот во околината на вештачкото езеро во Прилеп, едно од најпознатите излетнички и места за рекреација на прилепчани.
Генералното чистење во Прилеп се спроведува по четврти пат.
- Денеска ќе се собира отпадот од едно од најпознатите излетнички и рекреативни места, кај вештачкото прилепско езеро. Тоа беше и меѓу најпосетуваните за првомајските излети. Затоа решивме овојпат да биде цел на чистење. Учениците се ангажирани за да се испрати пораката дека уште од најмлада возраст треба да се подигнува свеста и да се создаваат навики за чиста и здрава средина, рече Кристијан Тунески, лице за односи со јавност во прилепската локална самоуправа.

На повеќе локалции во Прилеп сѐ детектираат диви депонии. И денеска ќе се интервенира.
-Со механизација на локалната самоуправа и на општествено одговорни фирми ќе се изнесе сметот од две-три диви депонии. И по празниците има оставено смет кој ЈКП „Комуналец“ го собираше. Овие акции и постојаното апелирање се надеваме дека ќе ја подигне свеста за граѓаните да не го расфрлаат сметот, туку да го депонираат на соодветни места, вели Тунески.
Во Прилеп годишно се создаваат околу 30 000 тони отпад. ем/цр
фото: Општина Прилеп