• четврток, 21 ноември 2024

 Во источна Кина највисоко ниво на тревога поради поплави

 Во источна Кина највисоко ниво на тревога поради поплави
Пекинг, 19 јули 2020 (МИА) - Властите во Кина денеска го подигнаа нивото на тревога поради поплавите во источниот дел на земјата, каде тече реката Хуај, а состојбата е сериозна бидејќи по неколкудневните обилни дождови повторно се очекува силен дожд, пренесуваат странските агенции. Илјадници километри долгата река тече низ поголемите земјоделски и индустриски центри во провинциите Хенан, Анхуеј и Џангсу, а нивото на водата на десет акумулациски езера по нејзиниот тек го надмина безбедносното ниво за дури 6,85 метри, соопшти надлежната комисија на кинеското Министерство за водни ресурси. Дел од Кина што ја опфаќа областа од градот Чункгинг, во југозападниот дел на земјата, до Шангај, кој се наоѓа на источниот брег, е зафатен со поројни дождови веќе две недели. Неколку региони долж реката Јангце, вклучувајќи го градот Вухан и провинцијата Џангкси, каде се наоѓа најголемото слатководно езеро во Кина, прогласија највисок степен на предупредување за поплави. Властите предупредуваат дека поради истовремените поплави по должината на реките Јангце и Хуај, како и во близина на езерото Тај, може да се надминат максималните капацитети на акумулациските езера. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан